Како живеат луѓето во Јакутск, најстудениот град во светот?

Замрзнуваат и мобилните телефони...

Можете ли да замислите да живеете на -45 степени?

Деновиве во Македонија температурите се под нулата. Многу луѓе често знаат да кажат дека навистина мразат да излегуваат од дома и дека мора да се облекуваат слоевито за да не смрзнуваат од студот. Но, тоа е само пет до десет степени под нулата. Можете ли да замислите да живеете на -45 степени? Толку е измерено денеска во Јакутск, најстудениот град во светот.

Просечната температура таму за јануари е -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен (поточно во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на земјата).

Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на градот преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат.

Како живеат луѓето во Јакутск?


Па, како луѓето воопшто го преживуваат овој студ? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која штити од студот стана незаменлив дел од нивниот живот.

За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од зградата, како и теписи на надворешните скали, бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.

Во селото Ојмјакон, на пример, луѓето живеат без канализација, со оглед на тоа што цевките замрзнуваат, па тоалетите се претежно надвор од куќата. Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги вклучат наутро.

Јакутск има приближно 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов.

Фото и видео: Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.