Вкусна овошна салата која топи килограми!

Вкусно и здраво…

Оваа салата од тропско овошје е совршена за појадок доколку сакате да изгубите тежина и да останете здрави.

Грејпфрутот е една од најдобрите намирници за слабеење. Грејпфрутот исто така има поголема концентрација на вода од кое било друго овошје – околу 90% од тежината е вода. Ова овошје е полно со витамин Ц и влакна, додека бананите се богати со калиум.

Оваа овошна салата од мед, грејпфрут и банана е совршен избор доколку сакате да изгубите тежина.

Рецепт за салата од тропско овошје:

(3 порции)

Состојки:

2  излупени црвени грејпфрут
1 банана (исечена)
1 лажица свежо сечкано нане
1 лажица мед

Подготовка:

Прво излупете го и исечкајте го грејпфрутот, со што се прави 1/4 чаша сок. Додадете ги преостанатите состојки во сокот од грејпфрут во средна чинија. Нежно промешајте. Послужете веднаш, или покријте го и ставете го во фрижидер.

Калории: 122; Масти: 0,4 g; Протеини: 1,5 g; Јаглехидрати: 31,3 g; Влакна: 3,4 g; Натриум: 2 mg; Калциум: 26 мг.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.