5 земји во Европа што немаат аеродром: До нив никако не можете да стигнете со авион!

Дознајте!

Дознајте кои држави во Европа не нудат можност за летање со авион

Ватикан

Ватиканската држава е седиште на Папата, поглаварот на Католичката црква, Бискупот на градот Рим и изборниот монарх на Ватикан. Тоа е официјално град-држава, и тоа најмалата во Европа со површина од вкупно 0,44 квадратни километри. Затоа и нема аеродром. За да го посетите Ватикан, од Рим треба да појдете со јавен превоз.

Сан Марино

Сан Марино исто така е една од најмалите земји во Европа со вкупно 24.896 жители. Се наоѓа на источниот дел на Апенините, а најблиску е аеродромот Федерико Фелини во Римини, кој е оддалечен петнаесеттина километри. Па затоа, жителите на Сан Марино ако сакаат да летаат со авион, мораат најпрво да дојдат до тој град со автобуска линија.

Монако

Монако се наоѓа на Азурниот брег, на околу 15-тина километри од Ница и се граничи со Франција на исток. Во втората најмала држава на светот исто така не постои можност за летање со авион. Најблискиот аеродром е во Ница.

Лихтенштајн

Мала држава во средна Европа, која се граничи со Франција на запад и со Австрија на исток. Има вкупно 37.000 жители, а е најбогата европска земја. Меѓутоа, не можете да стигнете дотаму со авион, бидејќи нема аеродром. Најблискиот аеродром се наоѓа во швајцарскиот Сент Гален.

Андора

Сместена е помеѓу Франција и Шпанија во планинските предели. Главниот град Андора ла Вела може да се пофали со највисока надморска височина во Европа, но за лет со авион мора да одберете некој од аеродромите во соседните земји.

Ве носиме на патување во Матера, Италија… виртуелно! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.