Факинг, село со околу сто локални жители, честопати било во вестите бидејќи туристите постојано ги краделе таблите или објавувале слики од нив на социјалните мрежи.

Локалното население со години бара промени.

Факинг на германски не значи ништо, но на англиски јазик зборот има многу експлицитно и добро познато значење.

Некои експерти веруваат дека првичното име на ова место потекнува од 11 век, а според локалната традиција, тоа е основано во шестиот век од баварскиот благородник Фоко. На мапата од 1825 година, селото било наречено Фукинг.

Туристите сега ќе треба да ја преминат границата со Баварија до местото Петинг наместо да одат во Фугинг за правење смешни фотографии, пишува француската новинска агенција АФП.