ПОКРАЈ БУДИМПЕШТА: 3 топ-дестинации во Унгарија што се вредни вашето внимание

Посетете ги!

Викенд-патување на кое ќе уживате во благодатите на термалните извори или во забавата на водените паркови.

1 Морахалом

На бањата Сент Ержебет, која е отворена во 60-тите години минатиот век, ѝ се „придружи“ новоотворениот хотел „Колосеум“, кој во промотивниот период нуди добра забава по пристојни цени. Имено, во пространиот воден парк на располагање ви се 21 базен, а во зимскиот период можете да избирате меѓу 14 базени. Собите се од различни категории, од „обични“ до „супериор“, но сите се големи и опремени со потребните „дреболии“ (бадемантил, влечки…) за велнес-третманите што ги нуди хотелот.

2 Тихањ и Хејвиз (Балатон)

Тихањ (името потекнува од словенечкиот збор тихо) е божествено местенце од чиј видиковец на платото покрај прекрасната црква се протега совршен погледот на сите четири страни, особено на мирната површина на езерцето. Ова место совршено ќе им одговара на туристите што посакуваат тишина и одмор. На „горната“ страна на езерото се протегаат Хејвиз и добро уреденото езерце со термална вода, во кое и на најздравите им е забранет престој подолг од 20 минути. „Лотус терме“, хотел со 5 ѕвездички, ги нуди сите вообичаени содржини со нота на гламур.

3 Сегедин

„Најсеверниот медитерански град”, како што го нарекуваат неговите жители, може да се пофали со многубројни хотели од висока категорија, меѓу кои се истакнува „Фораш“ на брегот на Тиса, во чиј состав е и водениот парк со највисокиот тобоган во Европа. Во Сегедин треба да се посетат Градската куќа, монументалната катедрала посветена на Богородица, како и Мостот на воздишките, сличен на оригиналниот во Венеција. И не само тоа: Сегедин има и свој Гауди, чија зграда, недалеку од плоштадот, е едно од најубавите зданија во овој град.

Текст: Мирјана Пантош

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.