Ова е жената која ја застрела Алек Болдвин за време на снимање филм! (ФОТО)

Имала 42 години. Хачинс е застрелана во импровизирана црква на сет

Фото: Инстаграм

Рано утрото одекна вест дека прославниот холивудски актер Алек Болдвин на снимање на филм ја застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс, која работела на бројни филмски остварувања.

Таа починала од прострелна рана, која ја добила на снимањето на филмот „Rust“. Имала 42 години. Хачинс е застрелана во импровизирана црква на сет.

Фото: Инстаграм

Родена е во Украина 1979 година, Халина пораснала во советската воена база на Артичкиот круг. Студирала на Киевскиот национален унивирзитет и дипломирала меѓунарно новинарство пред да почне да работи со британски документарни продукции како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес каде дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година била снимател во лабараторијата „21st Century Fox DP“, а година дена подоцна е избрана за една од ѕвездите во успон „American Cinematogrpaher“.

– Толку сум тажен поради губитокот на Халина. И толку сум бесен што се случило на сет. Беше сјаен талент кој беше апсолутно посветена на уметноста и филмот – напишал на Твитер, режисерот Адам Мортимер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.