Вкусен и здрав: Домашен кечап

Направете си го сами!

Ви откриваме еден едноставен рецепт за приготвување домашен кечап. Многу е повкусен и поздрав од куповниот, па вреди да го пробате!

За две тегли од 500 г потребно ви е:

Состојки:

  • 2,5 кг зрели домати
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 50 мл јаболков оцет
  • 2 рамни лажици морска сол
  • 2 лажици шеќер
  • неколку гранчиња свеж босилек
  • 2 см корен од свеж ѓумбир
  • прстофат конзерванс

Приготвување:

Доматите се мијат и се сечат на покрупни коцки, а потоа се ситнат во блендер.

Нектарот од доматите се става во тенџере и се вари околу 60 минути, додека се редуцира.

Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се пасира, ѓумбирот се ренда, а босилекот се ситни.

Откако сокот од домати ќе почне да се згуснува, се додаваат јаболковиот оцет, ѓумбирот, црвениот кромид и лукот, босилекот, шеќерот и солта. Потоа се вари на умерена температура, додека се добие посакуваната густина. При крајот на варењето во кечапот се додава конзервансот и се меша додека се стопи. Готовиот кечап се миксира со миксер.

Теглите добро се мијат и се стерилизираат во загреана рерна на 100°Ц. Врелиот кечап се сипува во топли тегли и се затвораат. Потоа се виткаат и се оставаат целосно да се оладат.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.