Ослободете се од штетниците со природни средства

И без помош од мачки!

Ако ви се појават глувци во домот, не грижете се и не кревајте паника, лесно ќе се ослободите од нив со природни средства.

Не ви се потребни специјални замки и стапици за глувци, туку само намирници како бадеми, нане или камилица.

На неколку места во домот поставете врзопи со нане или со камилица, а бадемите ситно исечкајте ги, посипете ги со брашно или со шеќер и распоредете ги на критичните места во домот.

Опојните мириси сосема сигурно ќе ги привлечат глувците, а при варењето на горчливите (сурови) бадеми, се создава за нив опасната цијановодородна киселина, која предизвикува труење.

Текст: „Добра храна“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.