Направете си детокс-оаза: Нурнете се во релаксирачка купка

Топлина. Пред да ја пуштите водата за да ви ја наполни кадата, затворете ја вратата од бањата, а водата нека биде колку е можно потопла (37-38 степени Ц). Истражувањата покажаа дека потењето го помага регулирањето на микробиомот на кожата. А тоа ги спречува лошите бактерии да навлегуваат низ порите.

Вистински тајминг. Најдобро време за детокс-купка е пред да си легнете, затоа што за време на спиењето, телото се обновува. Купката помага во релаксирањето на мускулите, ја подобрува циркулацијата и ја подига телесната температура, што има позитивно влијание врз имунолошкиот систем. Плус, благодарение на топлата вода полесно ќе заспиете.

А сега, збогатете ја купката… Додајте во водата есенцијално масло ( на пример, лаванда иликамилица), за да го поттикнете процесот на детоксикација на лимфниот систем. Прво, подгответете го есенцијалното масло помешувајќи пет капки со 1 лажиче кокосово масло, а потоа растворете го во водата. Уживајте во купката 20-тина минути, па напите се напивка со електролити за да го рехидрирате организмот. Тоа може да биде, на пример, кокосова вода со прстофат сол.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.