Бидете сами креатор на својот парфем: Еве како!

Зошто да не креирате парфем кој ќе биде карактеристичен за вас, а притоа нема да трошите неколку илјади денари за едно шишенце?

Кога правите ваш сопствен парфем, треба да имате на ум една важна работа, а тоа е: која арома се согласува со вашата телесна миризба.

Луѓето што се потат многу, треба да користат производ со суптилна миризливост, бидејќи комбинацијата од парфем и пот ќе направи човекот да мириза зајадливо. Од друга страна, оние кои не се потат многу, можат да користат силни парфеми, бидејќи нема потреба да се грижат за хемиската реакција од парфемот и секрецијата на телото.

Еве што сѐ ви е потребно за да направите сопствен парфем:
  • алкохол, одберете високо квалитетна вотка
  • масло од лаванда
  • масло од бергамот (цитрусно овошје)
  • шишенце за парфем
  • мала тегличка

Маслата може да се купат во продавници за козметика, добро снабдени продавнички и во билни аптеки. Никогаш не ги купувајте поевтините, бидејќи тие ја немаат истата есенција како оние на кои цената им е повисока, па така вашиот парфем нема да трае долго.

 

Тегличката наполнете ја со вотка и во неа ставете по десет капки од двете масла. Потоа затворете ја со капак и протресете ја дваесет пати, сѐ додека вотката и маслото не се соединат. Отворете ја тегличката и помирисајте.

Ако мислите дека аромата не е доволно силна, ставете уште неколку капки од маслата, од двете масла исто капки, и така, сѐ додека не добиете мирис кој вам ќе ви се допадне. Така подготвена и затворена, ставете ја тегличката на темно и ладно место, на пример во шпајз, и оставете ја таму два дена.

По два дена, земете ја тегличката и претурете од парфемот во соодветно шишенце избрано за таа намена.

 

При подготовката на вашиот парфем, вие може да си избирате есенции од масла кои вам ви се допаѓаат и да ги комбинирате.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.