Предлог како да го направиме светот подобро место за живеење

Сите ние имаме чувства, желби, соништа…

Фото: Pixabay

Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог…

Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат.

„Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа „Криејтив хироус“, кој има цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките.

Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.

1. Коцка за љубезност

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

2. Коцка за здравје

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

3. Коцка за еколошка свесност

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

Значи, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.