Луна го исфрлила Марко од станот: Ова е причината поради која се разведува парот! (ФОТО)

Не сака да му прости...

Кога пред неколку дена Луна Џогани правеше прослава по повод роденденот, сите останале изненадени, бидејќи на него бил и нејзиниот сопруг Марко. Меѓутоа, тој се огласил после тоа и објаснил зошто не присуствувал на роденденот.

Иако веќе тогаш се шпекулираше дека се пред развод, Марко тоа го демантираше. Но, веднаш по неговите изјави до медиумите стигна приказна за негово неверство, поради кое дошло до расправија помеѓу познатиот пар. Имено, според зборовите на изворот близок на брачниот пар, до кавга дошло затоа што Марко наводно ја изневерил Луна пред два месеци во еден белградски клуб, а таа дознала подоцна. Штом го слушнала  тоа и ја видела снимката која и ја покажале нејзините пријатели, а на која Марко е со некоја атрактивна бринета, Луна му кажала да си оди од станот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo Miljkovic (@luna_djogani)

„Не знам што му се случува на Марко во последно време, но тоа не е истиот човек од пред година дена-две. Не можам да кажам дека тие двајца не се сакаат, но тоа не смееше да го направи. Тој знае дека во Белград ја знаат многу луѓе Луна и дека се некој ќе и пренесе. Меѓутоа таа вечер, тој испи доста алкохол, девојките се лепеле за него, а една бринета цела вечер не се двоела од него и потоа се случило тоа што се случило. Инаку тој често излегува сам со друштвото, додека Луна е дома со ќерката“ – рекол добро упатен извор и додал дека Џогани тешко го поднела неверството на Марко и дека му предолжила да си оди од станот и дека може од време на време да доаѓа, бидејќи ќерката е преврзана за него.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.