Погледнете како изгледа пентхаусот на Раста: Тука живее, сè е луксузно! (ФОТО)

Вака се живее...

Фото: Инстаграм

Раперот Раста од својот пентхаус во белградската населба Врачар направил своја оаза на мирот, каде што поминува најмногу време.

Големата дневна соба го краси елегенатен мебел, како и скапоцен кристален лустер. Едниот дел од дневната соба е исполнет со играчки од неговата ќерка Тара, која често е кај него, а исто така и таа има своја соба.

Раперот има и дел за своите музички инструменти, како и технички уреди, кои му служат да снима песни.

Интересно е што Раста открил дека сака да готви, па покажал и неколку од специјалитетите кои ги направил.

Исто  така, од неговата огромна тераса направил катче во кое ужива штом се разубави времето – има удобна гарнитура, на која најчесто одмара додека ужива во неверојатниот поглед на градот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.