Откриена е шок-диетата на славните, благодарение на која се толку тенки: Еве што прават 24 часа пред црвениот килим

Морничаво

Славните дами 24 часа пред голем настан го пијат само ова и забораваат на храната

Диетата од 24 часа за рамен стомак подразбира посебен начин на исхрана заснован на сокови, кашести сокови и чаеви. Многу е ефикасна и во прочистувањето на организмот од токсини, па нуди бројни придобивки за организмот, а кратко трае. Меѓутоа, луѓето се шокирани од тоа што сè се подготвени да направат познатите дами поради изгледот.

Ја нарекуваат шок-диета или диета за итни случаи, а еве што подразбира…

Детален план на исхрана за 24 часа

Напоменуваме дека многу е важно да не додавате никакви вештачки засладувачи или други состојки во вашите чаеви и сокови.

  • 8 часот: Испијте чаша млака вода со сок од лимон.
  • 10 часот: Испијте чаша вода со портокал или сок од јаболка.
  • 12 часот: Испијте шолја зелен чај.
  • 13 часот: Испијте чаша ладна вода со сок од морков.
  • 15 часот: Испијте шолја чај по ваш избор.
  • 17 часот: Испијте чаша природен сок по ваш избор.
  • 19 часот: Испијте шолја зелен чај.
  • 21 часот: Испијте чаша вода со сок од грејпфрут.
  • 22 часот: Го завршувате денот на истиот начин како што го започнавте – испијте чаша млака вода со сок од лимон.

Експертите нагласуваат дека ваквиот начин на исхрана може да се толерира само еден ден, никако подолго.

Џенифер Гарнер има решение за целулит: Да знаев за овој трик претходно, никогаш немаше да го имам!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.