Сопругот ја изневерил на најлошиот можен начин: Живеела со неговата бремена љубовница, без да знае за тоа!

Како Шварценегер ја изневерил Марија Шрајвер?

Ретко која жена била изневерена така како што Арнолд Шварценгер ја изневерил Марија Шрајвер

Американската телевизиска новинарка Марија Шрајвер станала позната не само благодарение на своето занимање, туку и благодарение на бракот со познатиот Арнолд Шварценегер. Тие добиле четири деца заедно, а сега уживаат во улогата на баба и дедо.

Сепак, нивниот брак одамна завршил, и тоа по скандалозното неверство на Арнолд со нивната куќна помошничка Пати Бен. Шварценегер добил син Џозеф од оваа афера.

Марија и Арнолд потврдиле дека се разведуваат, а набрзо потоа се дознало дека добил син со Пати. Иако Арнолд тврдел дека ѝ раскажал сè за аферата на својата сопруга, таа наводно дознала за неа од неговата љубовница, која потврдила дека има дете со него.

Пати работела 20 години за славното семејство, била бремена и работела додека Марија била дома и го чекала нивното најмладо дете! И двата сина се родиле во 1997 година во временско растојание од неколку дена. Шварценегер истакнал дека со години не знаел дека има дете со куќната помошничка, но го сфатил тоа, бидејќи Џозеф многу личел на него.

Денес, 68-годишната Марија, која инаку е и роднина на Џон Ф. Кенеди, изгледа најдобро досега. Папараците неретко ја фотографираат без грам шминка и гламур, во тренерки, а во последно време, најчесто може да се сретне на прошетка со ќерка ѝ Кетрин Шварценегер и со внуката.

Инаку, Марија и Арнолд денес се во нормални односи, па повремено папараците ги фотографираат заедно на ручек со децата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.