Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ се одвикна од наркотици и се сврши на 58 години: Доказ дека никогаш не е доцна!

Сѐ се може ако се сака!

Актерката Хедер Локлир се сврши на 58 години со својот партнер Крис Хејсер

Близок семеен пријател на познатата актерка ја потврдил веста за свршувачката за магазинот „Пипл“.

Според неговите зборови, парот е свршен уште од април, кога прославиле годишнина од нејзината трезвеност, по лекувањето од алкохолизам и зависност од наркотици.

Актерката изминативе години водела тешка борба со наркотици и алкохол, како и со депресија, а во 2018 година била уапсена кога направила два прекршока и се спротивставила на полицијата во алкохолизирана состојба. Меѓутоа, таа решила да го промени својот живот и очигледно е дека успеала во тоа!

Хедер пред две години кога била фотографирана при апсењето

„Навистина се среќни заедно. Целото нејзино семејство, браќа и сестри ја поддржуваат и многу се среќни и возбудени поради неа“, изјавил извор близок на актерката, додавајќи дека во овој чекор ја поддржува и ќерката Ава (22) која ја има од бракот со Ричи Самбора.

Хедер и Крис биле вљубени уште од средно училиште, а повторно воспоставиле контакт пред неколку години. Нивниот однос бил нестабилен, поради нејзината злоупотреба на алкохол и наркотици, но на крајот одлучила да побара стручна помош во една приватна установа за рехабилитација и сега веќе подолго од една година е „чиста“.

Хедер минатата недела била фотографирана во Лос Анџелес со дијамантски прстен на раката и со заштитна маска на која пишувале „се смеам“.

„Навистина е одлично и инспиративно тоа да се види како Хедер успеа да го промени својот живот“, заклучил семејниот пријател.

Донатела Версаче – Потресна исповед на познатата дизајнерка за зависноста од наркотици
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.