Воздушести американски палачинки: Овој појадок ќе ве распамети!

Божествени се!

Рецепт што сигурно веднаш ќе ви ги расположи непцата

Состојки:
  • 130 г просеано брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 2 лажици бел шеќер
  • 180 мл + 2 лажици млеко
  • 1 големо јајце
  • 2 лажици путер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • сончогледово масло
Приготвување:
  • Помешајте брашно, сол, шеќер и прашок за печиво.
  • Во друг сад изматете јајца со млеко, екстракт од ванила и стопен путер. Но внимавајте путерот да се олади.
  • Сипете ги влажните состојки во смесата со брашно и добро промешајте.
  • Оставете го тестото да отстои десетина минути.
  • Загрејте малку масло во тавче, па формирајте палачинки од три до четири лажици смеса.
  • Превртувајте ги палачинките кога ќе добијат златна боја и на површината ќе се создадат мали меурчиња.
  • Печете ги уште една минута од другата страна, проверете ја бојата па извадете ја.
  • Повторете ја постапката со преостанатото тесто.
Палачинки на германски начин од рерна: Неодолив појадок готов за 20 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.