Вежбајте наутро на празен стомак: Најефикасниот тренинг е оној во утринските часови!

Еве зошто!

Активноста веднаш по станувањето од кревет создава чувство дека сте се разбудиле еден час порано, го намалува стресот, доведува до подобро ментално здравје и продуктивност во текот на денот

За вежбање и одржување кондиција, секоја го одбира времето што најмногу му одговара. Секако, во согласност со работните и другите обврски. Меѓутоа, има и такви што ги мрзи да вежбаат наутро, па го поместуваат тренингот за попладневните или вечерните часови.

А дали тоа е правилно, објаснува Ентони Хекни, професор на одделението за вежби и наука за спорт на Универзитетот Северна Каролина во Чејпел Хил:

„Иако може да се вежба во кој било период од денот, најефикасен е тренингот во утринските часови. Вежбањето наутро, особено на празен стомак, е најдобар начин на согорување складирани масти. Овој период е идеален за слабеење. А и хормонскиот состав на телото наутро совршено ја поддржува истата цел. Во организмот присутно е зголемено ниво на кортизол и хормон за растење. И двата се вклучени во метаболизмот. Тогаш се извлекува најмногу енергија од масните резерви, што потенцијално може да помогне за губење килограми.“

Истражувањата покажуваат дека утринските вежбачи може да имаат помал апетит во текот на денот, што исто така помага да не се таложат килограми. Затоа, дури и ако не сакате рано да се будите, убедете се себеси дека тоа е многу важно за вашата психофизичка состојба.

„Ако почнете да вежбате во седум часот, ќе имате чувство дека сте се разбудиле еден час порано, што воопшто не е лошо, бидејќи ќе добиете впечаток дека сте заштедиле на време. Навечер, заморот ќе ве стигне еден час порано одошто покажува времето, па ќе бидете подготвени доволно да одморите и следното утро да станете рано со леснотија. Некои истражувања дури и сугерираат дека полесно е да се придржувате до здравите навики наутро. А утринското вежбање го намалува стресот, доведува до подобро ментално здравје и продуктивност во текот на денот“, тврди овој експерт.

Меѓутоа, ако некому не му одговара ваквиот ритам, може да одбере вежбање по ручек, со кое исто така ќе постигне добри резултати.

„Овој е период е добар, бидејќи веќе сте изеле два оброка. Кога и да јадете, нивото на шеќерот во крвта расте, а тоа, во форма на глукоза, е потребно за напорите во текот на вежбањето. Освен тоа, вежбањето помеѓу 13 и 16 часот, исто така, субјективно го поместува часовникот на вашето, како и за време на утринскиот тренинг. Тоа практично значи дека ако сте го почнале тренингот во 14 часот, ќе имате чувство дека е 13 часот. И навечер заморот ќе се јави еден час порано и благовремено ќе ве одведе во кревет. Наутро, ќе се разбудите порано и тоа потполно наспани“, ги наведува предностите Хекни.

Освен тоа, некои истражувања покажале дека човечкото тело во фаза на мирување природно согорува околу 10% повеќе калории во доцните попладневни часови, во споредба со рано наутро и доцна навечер. Се наметнува логичен заклучок дека со малку поголема физичка активност, макар и брза прошетка, телото ќе успее да потроши далеку повеќе калории.

Меѓутоа, постојат и луѓе кои практикуваат само вечерни тренинзи, кога ќе ги завршат сите дневни обврски. Што се однесува до експертите, тие не се едногласни во врска со овој термин. Некои сметаат дека вечерното вежбање ќе го вознемири организмот, па личноста тешко ќе успее да потоне во сон. Дури и тврдат дека вежбањето помеѓу 19 и 22 часот влијае на организмот така што си легнуваме подоцна.

Хекни, сепак, не се согласува со тоа:

„Истражувањата покажуваат дека сѐ додека не вежбате, туку само се туширате и веднаш одите во кревет, тоа нема да ги наруши вашите навики за спиење. Или, ако практикувате активности за ослободување од стресот, како јога, тоа придонесува за подобар сон. Доколку правилно ги одберете, вечерните вежби не го нарушуваат сонот. Со текот на времето можат да влијаат и врз намаленото лачење грелин, хормон што стимулира глад, што исто така помага за губење вишок килограми.“

Секое време е добро за вежбање

„Ако веќе мора да се одбере најдобро време за вежбање, утрото би победило. Раните тренинзи максимално ги користат сите биолошки и психолошки потенцијали и им овозможуваат на вежбачите со текот на времето да остваруваат подобри резултати на различни полиња. Меѓутоа, ако некому тоа не му одговара, не мора строго да се придржува, бидејќи нема лошо време за вежбање. Ако го правите тоа наутро, правете го наутро. Ако го правите навечер, правете го навечер. Важно е да вежбате“, порачува Хекни.

Губењето тежина зависи од темпото со кое тренирате: Еве што треба да знаете
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.