Зошто е добро да се биде себичен во кревет?

Фото: Unsplash

Сè повеќе слободниот разговор за сексот ни овозможи да отвориме важни теми, но уживањето на жената во оваа „активност“ е сè уште табу тема. Еве што можете да направите за себе за повеќе да уживате во сексот.

Кога станува збор за „жешките игри“ под чаршафите, секако задоволството треба да биде исто, но на многу жени сè уште им е најлесно да ги одглумат тие неколку грчеви и воздишки и да се свртат кон другата страна за да заспијат.

Штета, затоа што има многу начини да го запознаете вашето тело подобро и да дојдете до моментот кога навистина уживате во квалитетен сексуален живот што ќе ве задоволи. Значи, отворен разговор е прв, и еве ги другите:

Запознајте го вашето тело

Доколку ви е тешко да откриете што ви се допаѓа во кревет со партнерот, самообразованието или мастурбацијата не е на одмет. Тоа ќе ви овозможи да истражите сами и да научите нешто за она што му дава задоволство на вашето тело. Нема потреба да се плашите од тоа.

Одвојте некое време да се истражувате бидејќи ова може да ви помогне да откриете што навистина сакате и што ве води до кулминација. Женската мастурбација често се прикажува како нешто срамно и навистина нема причина за тоа.

Размислете за тоа што сакате

Сексот и задоволството можат и треба да бидат забавни. Има толку многу што можете да направите во спалната соба, и со вашиот партнер и сами. Ако наидете на фантазија што сакате да ја исполните, детално опишете му на партнерот што би сакале да истражите затоа што секој може да има различни параметри, нешто што им одговара.

Покажете им сами што сакате да добиете од нив. На пример, ако сакате повлекување на косата, опишете како треба да изгледа, па дури и демонстрирајте го на вашиот партнер, покажете колку силно сакате тој да ве повлече. Колку повеќе упатства ќе дадете, толку подобро, затоа што тие можат да ви го дадат она што го сакате, што е вистинскиот пат до задоволство.

 

Дајте си време

Кога сте во кревет со некого и тие постојано ви велаат „Јас ќе го сторам тоа сега“ или постојанове прашуваат дали веќе сте завршиле, вистински е предизвик да не се откажете од сексот, или да не скратите сè со глума. Но, ако знаете што ве возбудува, а вашиот партнер не го прави тоа, обидете се да го водите кон извлекување на максимум од врската.

Секако, крајната цел на сексот не мора секогаш да биде оргазам, но вие заслужувате да уживате во врската исто колку и вашиот партнер.

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.