Жика Јакшиќ по кој знае кој пат се жени, Поповиќ не сака ни да чуе да му е кум, а објасни и зошто

Трета среќа или сепак не?

Жика зад себе има два брака, но никогаш не ја изгуби вербата во љубовта

Жика Јакшиќ кој важи за еден од најомилените ТВ-водители повторно е пред сериозен животен предизвик, односно по трет пат да заплива во брачните води. Таквите информации почнаа на големо да се шират откако јавно ја покажа и третата избраничка, убавата и атрактивна адвокатка Тијана Мијаиловиќ.

Иако е искусен младоженец по се се чини дека Жика има проблем да најде кум. Неодамна го прашал својот долгогодишен пријател и соработник Саша Поповиќ дали ќе ја преземе улогата на кум, на што Поповиќ без размислување дал негативен одговор.

„На шега Жика го праша Саша дали ќе му биде кум доколку повторно се жени, на што Поповиќ остро му одговори дека такво нешто нема шанси да се случи. Жика на почетокот се шокираше, а тогаш Саша му објасни: „Ти бев малер кога се земаше со Дијана, па затоа не сакам повторно да ризикувам“, изјави близок заеднички пријател на двата препознатливи ТВ ликови.

Инаку, ова ќе му биде трет брак на познатиот српски ТВ водител Жика Јакшиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.