Карлеуша си ја отвори душичката: „Не дозволувам друга жена да го „обликува“ Душко

И се може!

Затоа јас одбрав животен сопатник кој претходно немал други жени…

Каде и да се појави крева галама, па не можеше незабележано да остане и едно од последните ТВ гостувања на секогаш атрактивната Јелена Карлеуша. Не можеше да издржи, а да не го стави повторно на тапет својот сопруг, Душко Тошиќ.

Според нејзината теорија ниту една жена не треба да се одлучи за брак со маж кој е постар од неа, односно да има богато животно искуство со припадничките на понежниот пол. Карлеуша во гостувањето жестоко ја отвори дебатата на тема: „Мажи и брак“, но и сподели свои практични совети до младите девојки пред кои допрва доаѓа брачната заедница.

Карлеуша советува, но и тврди дека ниту една дама не смее да се впушти во љубовна авантура, а со тоа и во брак со маж кој долго време бил во врска со друга жена. Смета дека на тој начин таа еднаш за секогаш оставила свои навики во неговиот карактер.

„Жени, вие морате да бирате помлади мажи затоа што тој што веќе нешто научил тешко ќе го одвикне. Не мислам само на секс туку и на навики како миење заби, средување и се останато… Колку и да звучат ситни и незначајни ваквите работи на долг рок имаат ефект. Затоа со време си го ставив во ред мојот Душко“, рече Карлеуша и додаде:

„Затоа јас одбрав животен сопатник кој претходно немал други жени. Замислете да живеев со човек кој веќе има претходни навики од друга жена“, додаде Карлеуша во емисијата „Мали работи“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.