ЖЕНА РАСТРГНАТА ОД МЕЧКА: Истражителите дошле до СТРАШНО ОТКРИТИЕ

Да не поверуваш!

Ѕверот развил граблив инстинкт, еве што ја привлекло!

Жена од Калифорнија, која минатото лето беше убиена од гризли во Монтана, беше жртва на редок предаторски напад од мечка која научила да бара човечка храна.

Животното веројатно било привлечено од мирисот во близина на нејзиниот шатор, поставен по повод пикник на Денот на независноста, велат претставниците на дивиот свет во новиот извештај.

Леа Дејвис Локан (65) од Чико, беше извлечена од нејзиниот шатор во малиот град Овандо, покрај бреговите на реката Блекфут.

Околу еден час пред нападот, мечката се приближила до шаторите во кои кампувале Локан и брачен пар од Тексас. Кутрата жена ја разбудила огромната мечка, која била толку блиску до неа што можела да го слушне нејзиниот здив.

Камперите успеале да ја исплашат мечката. Локан ја префрлила храната од нејзиниот шатор во блиската зграда и се вооружила со спреј за мечка. Но таа ја одбила понудата да остане во хотелот и се вратила во својот шатор.

Околу еден час подоцна, мечката се вратила и ја нападнала, предизвикувајќи и моментална смрт.

Мечката што ја убила развила „предаторски инстинкт“, се вели во извештајот на извршното тело на Меѓуагенцискиот комитет Гризли Беар. Гризлито научило да наоѓа човечка храна.

Мечката што го растргнала Локан била убиена неколку дена подоцна кога упаднала во кокошарник кај Овандо.

Локан, медицинска сестра во пензија,  по првата средба со мечката на двојката со која кампувала ѝ рекла дека животното „ѝ ја душкало главата“.

Истражителите претпоставуваат дека мечката го помирисала шампонот за нејзината коса со овошен мирис, пишува „Дејли мејл“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.