Додека ја испробувала венчаницата дознала дека нејзиниот иден сопруг има 3 вонбрачни деца: Поради него завршила на психијатрија!

Најтажната принцеза

Статусот принцеза не гарантира среќа, а во тоа најмногу се уверила Шарлин од Монако, која поради сопругот, принцот Алберт, завршила во санаториум

Сите знаеле дека принцот Алберт има бурен љубовен живот и дека има неколку вонбрачни деца. Изгледа дека сите го знаеле тоа освен Шарлин, јужноафриканската олимписка првенка во пливање, со која принцот сакал да се ожени. Кога се свршиле, Алберт имал 52 години, а Шарлин 20 години помалку.

Првиот шок го доживеала на почетокот од бајката. Додека ја испробувала венчаницата слушнала дека нејзиниот иден сопруг е татко на уште едно вонбрачно дете, овој пат трето по ред.

Тоа била капката што прелила чашата. Шарлин сакала да остави сè, бидејќи ако ја излажал додека биле во врска, што ли може да очекува од бракот?

Така, младата Шарлин се подготвувала да побегне од венчавката, но обезбедувањето било побрзо и ѝ го одзело пасошот. Во тој момент нејзината бајка се претворила во кошмар.

Шарлин се обидела дури три пати да побегне од венчавката, но неуспешно. Па така, во светот се раширија фотографиите на кои плаче додека излегува од црквата во венчаница. Никој не ни претпоставувал што се случува во кралството Монако во тој момент. Шарлин го добила епитетот „најтажната принцеза на светот“ и тој епитет ѝ го обележал идниот живот и бракот.

Кога ги родила близнаците, светот помисли дека Алберт и Шарлин пронашле заеднички јазик, но тоа примирје не траело долго.

Обвинувањата на поранешните љубовници ги полнеле медиумските страници ширум Монако и светот, а чувствителната Шарлин не можела да го поднесе тоа. Во 2020 година заминала во Јужноафриканската Република во посета на пријател и останала таму некое време. Алберт се обиде да ја измами јавноста со приказната дека принцезата има здравствени проблеми и дека не смее да лета. За тоа време, Шарлин се обидувала да најде начин како да живее подалеку од Монако, но со своите деца.

Меѓутоа, со оглед на тоа што не пронашла решение, таа се вратила во Монако бледа, исцрпена и видно ослабена.

Кратко потоа принцот Алберт им јави на медиумите дека на принцезата ѝ треба одмор и дека ќе биде сместена во санаториум извесно време.

По повеќе од пола година, Шарлин повторно почнала да се појавува во јавност, но никој не можел да го игнорира нејзиниот очаен поглед. Од друга страна, Алберт цути и се труди што повеќе да ја покаже својата наклонетост кон младата жена и како да не ја забележува нејзината болка…

Најтажната принцеза се смее само кога е без сопругот: Шарлин сама ужива во Париз, па јавно му се заблагодарила нему!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.