Морничаво: Човек се обидел сам да си го оперира носот со помош на туторијал на Јутјуб и суперлепило

Верувале или не...

Лекарите предупредуваат дека ваквите аматерски хируршки зафати, освен што можат да предизвикаат спротивен ефект од посакуваниот, можат да доведат и до смрт.

Неименуван Бразилец завршил во собата за итни случаи откако се обидел да си направи ринопластика (операција на носот) со помош на упатства на YouTube и суперлепак. За жал, завршил во собата за итни случаи со заразена рана.

Човекот им рекол на лекарите дека не користел ракавици за да ја изврши процедурата и не ја исчистил раната за да избегне пукање на конците.

Човекот, чие име не го објави болницата, им кажал на лекарите од ОРЛ дека идејата ја добил од Јутјуб и дека користел алкохол за дезинфекција на областа и ветеринарен анестетик за да ја ублажи болката.

Откако завршил со „хируршката интервенција“, употребил самоапсорбирачки конци и суперлепак за да ја затвори раната.

По прегледот од страна на медицинскиот тим за ментално здравје, пациентот е згрижен од орален и максилофацијален тим (ОМФ), кој ја исчистил раната, ја преврзал и го упатил на потребната нега, се вели во соопштението од болницата.

Самоукиот хирург се појави во болница на 21 јули, но медиумите дури неодамна го открија неговиот случај.

Деновиве, таканаречените домашни видеа за „ринопластика во домашни услови“, кои наводно ги учат луѓето како да си направат тенок нос, се во центарот на вниманието.

Бразилското здружение за пластична хирургија (SBCP) исто така објави предупредување на својата официјална веб-страница, објаснувајќи дека ринопластиката „покрај тоа што е чисто медицински чин, бара специјализација и квалификации за да се изврши“.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.