Жарела и палела со музичката сцена и била секс-симбол во 1980-те: Легендарната пејачка денес изгледа вака!

Бони Тајлер

Токму таа е заслужна за некои од најкултните рокенрол песни

Познатата пејачка со рапав глас Бони Тајлер ја обележала музичката сцена во 1980-те години на минатиот век, а некои од нејзините хитови и денес се актуелни.

Вистинското име на Бони Тајлер е Гејнор Хопкинг, а се родела во Велс во 1951 година. Првиот албум го објавила во 1977 година The World Starts Tonight а синглот It’s a Heartache од 1978 година била во топ пет песните, како во Велика Британија, така и во Америка. Денес, најпозната песна секако е I Need a Hero.

Пред големата светска кариера, учествувала во еден музички натпревар, но не успеала да победи. Тоа не ја натерало да се откаже од своите соништа, туку токму спротивното. Бони покрај успешна кариера, успеси нижела и на приватен план. За љубовта на својот живот се омажила во 1973 година.

Освен по хитовите, останала запомнета и по атрактивниот изглед. Во периодот на 1980-те години немало маж кој не бил барем малку вљубен во неа.

Денес, Бони има 69 години, а многумина тврдат дека изгледа подобро одошто пред 4 децении. Таа не крие дека младешкиот изглед го одржува со редовни козметички третмани, но и со ботокс.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.