Конечно се огласил и принц Вилијам: Вака одговорил на обвинувањата што ги изнеле Меган и Хари!

Скандал што го тресе кралското семејство

Сите го чекаа ова со нетрпение

Принц Вилијам е првиот член на кралското семејство што јавно се огласил по обвинувањата за расизам што брат му принц Хари и Меган Маркл ги изнеле во интервјуто што првпат беше емитувано во недела во САД.

Тврдењата на Хари и Меган дека имало членови на кралското семејство кои прашувале дали нивниот син ќе има темна кожа додека Меган била бремена ја разбранувале светската јавност, а особено Бакингемската палата.

Денес се огласил принц Вилијам и рекол дека сè уште не разговарал со својот брат, но дека наскоро ќе го направи тоа.

„Ние не сме расистичко семејство“, кратко изјавил Вилијам додека со сопругата посетувале едно училиште во источен Лондон.

Овој коментар на Вилијам се случил откако еден новинар го прашал „дали кралското семејство е расистичко“.

Да се потсетиме, од Бакингемската палата во вторникот пристигнало соопштение во кое било наведено дека прашањето за расизам што го покренале Меган Маркл и принц Хари се загрижувачки и дека кралското семејство ќе се позанимава со него во „своите четири ѕида“, а јавноста ќе биде исклучена.

Британските медиуми пишувале дека сите членови на семејство, а особено Вилијам и Кејт биле вознемирени поради тврдењата на Хари и Меган, која во интервјуто изнела дека Кејт ја расплакала кога го пробувала фустанот пред венчавката.

Принц Вилијам виден првпат по драматичното интервју: Ова се тешки денови за него и за неговото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.