Се зборуваше дека ја изневерува и дека има љубовница на секое ќоше, но Златан Ибрахимовиќ ја сака само 11 години постарата сопруга

Има очи само за неа!

Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 41. роденден, па по тојповод ве потсетуваме на неговата љубовна приказна.

Златан Ибрахимовиќ, еден од најскапо платените фудбалери на денешницата, имал тешко детство. Како што самиот опишува во својата биографија, често бил гладен додека живеел во имигрантската населба во Шведска.

Таткото Шефик работел како чистач, а неговата мајка Јурка по 14 часа на денес чистела за да ги издржува Златан, неговата постара сестра Санела и неколкуте полубраќа и сестри, од кои еден станал наркоман.

Самиот Златан многупати изјавил дека фудбалот бил негов „билет за излез“, кој му помогнал да биде тоа што е денес – број еден!

Но особено необично е како Златан ја пронашол љубовта на својот живот.

Сопругата на познатиот фудбалер живее далеку од очите на камерите и ретко се појавува во јавноста. Таа е поранешен модел и е 11 години постара од Златан. Хелена Сегер има 52 години и е успешна деловна жена.

Интересно е што Хелена се грижи за многубројните спонзорски договори на Златан Ибрахимовиќ, а го запознала – верувале или не – на паркинг.

Кога го запознав Златан, тој имаше 21, а јас 32. Имав богатство и кариера, не ми требаше фудбалер да ме храни. Бев независна. Тој дури и не беше мој тип. Кога првпат го видов, ми го имаше блокирано ‘мерцедесот’ со своето ‘ферари’ на паркингот во Малме. Всушност, сè што видов беше голем нос и златен часовник на неговиот рачен зглоб. Бидејќи бев нерасположена, му доста грубо разговарав со него, му кажав да го тргне автомобилот. Мислам дека не му се допадна тоа, раскажала Хелена и додала дека дефинитивно не станува збор за љубов на прв поглед.

Мислам дека ми се допаѓа Златан затоа што можам да му се спротивставам. Имам важна пзаднина и кариерата ја градев со многу жртви, така што бракотби можел да ми го наруши чувството за независност, рекла Хелена и додала:

Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во животот, вели таа.

Пред неколку години се појавија гласини дека Ибрахимовиќ наводно стапил во врска со убавата италијанска новинарка Дилета Леота, а наводно ја изневерувал и Хелена. Сепак, тоа никогаш не беше потврдено, а ниту Златан ниту Хелена не ги коментираа овие наводи.

Златан Ибрахимовиќ со сопругата Хелена Сегер
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.