Предлог-ручек за денес: Рецепт за најнеобичните сарми на светот

Сарми-марамица

Сармите во марамица им се дефинитивно омилено јадење на сите вистински гурмани, а со овој рецепт ќе ги направите лесно!

Ако веќе сте го совладале рецептот за сарма, сигурно ќе ви се допадне и овој!

Состојки:

2 главици кромид

4 пиперки (бабура или шила)

3 лути пиперки

3-4 чешниња лук

2 кг црн дроб (свински, говедски, јагнешки)

250 мл бело вино

1 кг марамици

100 мл масло

100 г ориз

4 јајца

100 мл јогурт

црвен пипер

сол, бибер

Приготвување:

Кромидот исечкајте го на помали коцки, па пропржете го на малку масло додека добие малку боја.

За тоа време, исечкајте го и преостанатиот зеленчук на коцки, а кога кромидот ќе омекне, додајте го во тавата.

Додека зеленчукот се динста, подгответе го црниот дроб така што ќе го исечете на поголеми коцки.

Кога зеленчукот ќе омекне доволно, додајте го оризот, а потоа и црниот дроб. Прелијте со виното, сдодајте зачини по вкус и динстајте на умерен оган додека црниот дроб добие румена боја.

Кон крајот на динстањето, додајте ситно сечкан лук.

Одделете ги марамиците и полнете ги со две лажици фил, потоа завиткајте ги во сармички и редете ги во огноотпорен сад или плех.

Повторувајте ја постапката додека го потрошите целиот материјал.

Прелијте ги со вода. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Изматете ги јајцата со јогуртот, па со оваа смеса прелијте ги  сармите и вратете ги во рерна уште 15 минути.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.