Жените лудуваа по него, а „падна“ и Кери Бредшо: Улогата во „Сексот и градот“ го направи славен, а еве како изгледа денес (ФОТО)

Се согласувате?

Шармантниот Русин од серијата „Сексот и градот“ беше неодолив, а многу дами сакаа да бидат во неговата прегратка.

Важеше за голем срцекршач, а како момче на познатата Кери Бредшо стекна голема популарност меѓу дамите во светот.

Познатиот актер и балетан Михаил Баришников пред повеќе од 20 години беше сериозен мачомен, а по долго време, се појави во јавноста со сопругата Лиза Рајнхарт. Сопружниците присуствуваа на „Балетната модна гала“ во Њујорк, а многумина беа воодушевени од нивниот феноменален стајлинг, кој беше одлично искомбиниран.

Еден од најдобрите балетани во светот (74) за оваа пригода избра елегантен костум, а целиот изглед го заокружи со кафени очила. Неговата сопруга Лиза (71) избра црни свечени панталони и бела кошула со широки ракави, а својот аутфит го зачини со светкава чанта и високи потпетици. На црвениот тепих позираа фатени рака под рака, а многумина коментираа дека овој пар блеска!

Михаил и Лиза се сакаат со децении, а круна на нивната љубов се нивните три деца – ќерките Ана Софија и Луиза и синот Питер Андреј. Актерот има уште едно дете, ќерката Александра од бракот со првата сопруга Џесика Ланге.

На 15-годишна возраст, Михаил бил примен на балетската академија во Санкт Петерсбург. Тој изгради богата кариера во многубројни филмови и серии, а една од најзабележителните улоги му беше улогата на Александар Петровски во „Сексот и градот“. Покрај неа, беше дел и од продукции како што се: „Бели ноќи“, „Животна пресвртница“ и „Танчерки“.

Актерот е исто така многу шокиран и вознемирен од моменталната ситуација меѓу Русија и Украина, а неодамна дури и му испрати писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во него, наводно, ја изразил својата длабока загриженост за сите граѓани вклучени во конфликтите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.