Не ја затвораат вратата од тоалетот, децата можат да видат сè: Скандалозно признание на славниот пар предизвика шок во јавноста

Необично воспитување

Мила Кунис и Ештон Качер важат за еден од најкомпатибилните парови. Тие го основаа своето семејство, а нивните чудни навики ја изненадија јавноста.

Помеѓу пријателството и љубовта помеѓу маж и жена постои тенка линија, а тоа се покажа во примерот на Ештон Качер и Мила Кунис. Се запознале како тинејџери додека ја снимале хит-серијата „Луди 70-ти“, но тогаш не ни претпоставувале дека по 17 години ќе се заљубат на посебен начин и ќе основаат прекрасно семејство.

Колку се блиски говори податокот дека немаат тајни еден пред друг, и што ги споделуваат и најинтимните моменти, како што е, на пример, одењето во тоалет.

Мила неодамна во интервју за „E! News“ откри дека таа и нејзиниот сопруг не ја затвораат вратата кога одат во тоалет, особено кога се дома со децата, синот Димитриј и ќерката Вајат. Во нивната куќа постои јасно правило дека „вратите не треба да се затвораат“, а тука спаѓа и бањата.

Одењето во тоалет е една од работите кои ние, како семејство, ги сметаме за природна телесна функција, рече Мила. Актерката открила и дека оваа промена дошла откако добила деца, и дека никогаш не помислила дека ќе се најде во таква ситуација.

Не беше важно дали ќе ја затворам вратата или не. Никогаш не правеше разлика, сепак тропаа на секои две секунди. Мислев дека тогаш не е важно и дека е поедноставно е да ја оставам вратата отворена, вели таа.

Друга интересна работа која парот ја откри минатата година е личната хигиена. Имено, тие двајца не мислат дека е потребно секојдневно да се тушираат, барем кога се во прашање децата. Во подкастот „Експерт за фотелја“, открија дека кога биле мали ги капеле децата само кога биле видно валкани.

Не ги бањав секој ден. Никогаш не бев родителот што постојано го бања новороденчето, рекла Мила.

Ештон се надоврза на тоа и заклучи:

Ако видите дека се валкани, избањајте ги! Во спротивно, нема смисла.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.