Започна ПРОФЕМИНА 2022: Гостите ја наполнија салата, а конференцијата се отвори со разговор за здравјето

Гостите побрзаа да си го зафатат своето место

Конференцијата започна со панел-дискусија на тема „Зима без настинки и вирози“, поддржана од ESENSA

Вратите на хотелот „Холидеј Ин“ се отворија во точно 9.30 часот за посетителите на шестото издание на регионалната конференција за жени „Профемина 2022“, во организација на магазинот „Убавина и здравје“. 

Гостите не пропуштија да се регистрираат на влезот за да си го обезбедат своето учество во лотаријата полна со изненадувања од поддржувачите на конференцијата:   InebryaRevalidVichyLa Roche-PosayEsensaVioletaHerbalife Nutrition, парфеми од Matoss Cosmetics, ваучер за професионална шминка и Phi brows од Microblading Jeta„Убавина и здравје“ подарува ваучери за часовници и накит, U&Z brands подарува вредно модно парче од спортската колекција на бразилскиот премиум-бренд CAJU BRASIL, а главниот подарок е златен накит од Ador Gold.

Гостите имаа половина час пред официјално да започне „Профемина 2022“  за да ги посетат изложбените штандови, како и да ги разгледаат богатите пакетчиња со подароци од пријателите на конференцијата, што ги пречекаа на нивните столчиња. 

Откако уредничката на магазинот „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, ги поздрави присутните и им најави што може да очекуваат на конференцијата, „Профемина 2022“ можеше да започне во точно 10.00 со првата панел-дискусија „Зима без настинки и вирози“ поддржана од ESENSA.

Што знаеме за хигиената на носот? Дали ни е позната моќта на прополисот? Знаеме ли кој сируп треба да го земеме во склад со типот на кашлица? Што се имуномодулатори и кои се најефикасните чувари на имунитетот? Со цел да се пронајдат одговори на овие прашања, модераторката Јована Стојменовиќ ги покани на сцена врвните експерти: спец. д-р Весна Атанасовска, специјалист по општа и семејна медицина, ПЗУ „Медико Марија, Скопје; д-р Ана Мадиќ – ПЗУ „Д-р Ѓоше поликлиника“, Куманово; Деспина Алексовска – стручен соработник за „Есенса“, Септима и Елизабета Симонче – бренд-менаџерка за „Есенса“, Септима.

Спец. д-р Весна Атанасовска укажа на важноста на одржувањето на хигиената и влажноста во носната празнина, која овозможува сите нечистотии и бактерии да се задржат во носната празнина и да не се спуштат надолу во респираторниот систем.

„Најчесто се користат разни видови морска вода, бидејќи таа содржи микроелементи, кои воспоставуваат рамнотежа и го олеснуваат дишењето. Обично се препорачуваат изотонични раствори на морска вода“, порача докторката.

Деспина Алексовска се надоврза со тоа дека „Есенса“ нуди голем избор на изотонични раствори, кои се особено значајни за одржување на хигиената на носната празнина во зимскиот период кога е зголеменото сушењето на носната слузница.

Но што е со затнатиот нос кој го отежнува дишењето? Д-р Весна Атанасовска објасни дека во тој случај се препорачуваат хипертонични раствори на морска вода,  кои исто така може да се најдат во богатата понуда на „Есенса“.

Модераторката Јована Стојменовиќ праша и за ефектите на добро познатата состојка прополис – дали навистина е толку моќен медицински лек?

„Прополис е производ од медот на пчелите со моќно антибактериско дејство. Го спречува размножувањето на бактериите, а има и антивирозно, антимикробно, ,антиоксидативно, аналгетско, антиинфламаторно и антиалергенско дејство. Најчесто се користи за намалување на болката во грлото, за лекување на непцата и афтите. Сите овие ефекти докажуваат дека прополисот навистина е моќен природен антибиотик“, заклучи д-р Атанасовска.

Деспина Алексовска од „Есенса“ укажа на важноста на користењето прополис-спрејови за деца и за возрасни, поради нивното антисептичко и смирувачко дејство.

Елизабета Симонче, бренд-менаџерка за „Есенса“, објасни зошто токму нивниот прополис се издвојува од останатите:

„Нашиот прополис е добиен со специјализирана, патентирана, метода, со која максимално се екстрахираат сите активни состојки на прополисот, па така неговото дејство е посилно. Дејствува на повеќе од 30 микроорганизми кои се резистентни на повеќето антибиотици.“

Какви се типови кашлици има и како да се распознаат објасни д-р Ана Мадиќ:

„Кашлиците не се секогаш сериозни, но прават проблеми во секојдневниот живот и го нарушуваат сонот, па затоа треба да им се обрне внимание. Кашлици што траат помалку од три недели се акутни, а тие што траат повеќе од осум недели се хронични. Потоа, има суви и продуктивни (влажни) кашлици, а антибиотици се користат само ако е неопходно, бидејќи постојат многу природни лекови, како што е белиот слез“

Д-р Ана Медиќ откри дека покрај сирупи, може да се користат и други методи за лекување болно грло и кашлица.

„Освен сирупите, да не ги заборавиме и етерични масла, а Есенса има многу балзами на база на етерични масла, кои може да се користат од најмала возраст и може да се нанесуваат локално или со инхалација. Благодарение на нив, доаѓа до олеснување на дишењето, како и до намалување на болките.“

Превенцијата, секако, е најважна, а покрај исхраната и редовната физичка активност, важно е и внесувањето пробиотици, додаде докторката Ана Медиќ, а Деспина го објасни дејството на Esenbak пробиотиците, кои во својот состав содржат и пребиотици.

По завршувањето на дискусијата, публиката имаше можност да им постави прашање на експертите, а потоа следеше и првото извлекување на среќните добитници од лотаријата, кои добија 3 пакети со производи од „Есенса“ за подобар имунитет. 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.