ПРОФЕМИНА 2022: На првата студија на случај се зборуваше за кожата склона на акни!

Дали борбата со акните е нерешлива и вечна?

Во профемина-ординацијата се зборуваше за кожата со акни – студија на случај поддржана од La Roche-Posay

Првата студија на случај на конференцијата „Профемина 2022“ посветена на кожата со акни и поддржана од La Roche-Posay, започна со емотивно видео што ја прикажа борбата со акните на модераторката Николина Славковска, која го пренесе своето искуство.

Нејзини соговорнички беа доц. д-р Весна Бришкоска Бошковски – спец. дерматовенеролог, ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, Скопје и Анета Јованова – стручен соработник за La Roche-Posay во „Септима“.

Разговорот започна така што докторката објасни кои се главните причини за појава на акни, кои се чест проблем кај многу млади и возрасни луѓе, но и како треба да се третираат.

„Кај лицата што се склони на акни, првиот преглед треба да го направи дерматолог кој ќе ја постави вистинската дијагноза и ќе даде соодветен третман.  Притоа, пациентите мора да бидат трпеливи. Обично по првата и втората недела пациентите не гледаат подобрување и се откажуваат, но мора да бидат трпеливи за резултати. Вториот чекор се однесува на негата на кожата. Редовно миење на лицето со специјално средство за акни, со PH блиску до кожата и, секако, препорачуваме дека лицето не треба да се чепка“, порача д-р Весна Бришкоска Бошковски.

Анета Јованова се надоврза дека неопходно е да се користи вистинската медицинска козметика, како онаа на La Roche-Posay, која се издвојува од другите благодарение на термалната вода на La Roche-Posay што ја содржи.

Докторката објасни и кои може да бидат најчестите компликации, како што се: појавата на црвенило, хиперпигментации, а најтешката компликација е појавата на лузни од акни, кои влијаат врз психичката, физичката и социјалната состојба на пациентот.

Модераторката Николина отворено призна дека нејзиното лице има поминато низ сите тие проблематики и праша дали постои производ што ги третира видливите последици од акните, а Анета Јованова објасни дека La Roche-Posay нуди токму такво решение.

Беше потенцирана и улогата на микробиомот.

„Микробиомот е една комплексна заедница на микроорганизми кои живеат на кожата и и даваат имунолошка улога на кожата. Колу е тој поразновиден толку повеќе го штити здравјето на кожата. Но кога се доаѓа до негов дисбаланс, доаѓа до појава на воспаленија. Една од најновите терапии во светот на дерматологијата го таргетира токму микробиомот за да ја зачува неговата улога“, објасни докторката Бришкоска Бошковски.

Анета Јованова додаде дека La Roche-Posay ги следи светските трендови и нуди токму таков производ што ја одржува рамнотежата на микробиомот – Effaclar Duo Plus.

Докторката советуваше дека во текот на целата година треба да се користи крем со заштитен фактор 30, а не само налето и по препораките на стручната соработничка од La Roche-Posay, публиката имаше можност да ги постави своите прашања.

Студијата на случај заврши така што беа извлечени две среќни добитнички кои добија вредни пакети со производи на La Roche-Posay.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.