ПРОФЕМИНА 2022: Во чекор со времето – проејџинг!

Достоинствено стареење

На „Профемина 2022“ започна третата панел дискусија поддржна од “VICHY“ и  “La Roche Posay“, на тема „Во чекор со времето – Проејџинг“

Модераторката Јована Стојменовиќ го отвори панелот, прашувајќи ја психолог д-р Жана Базби дали жените се плашат од стареењето?

Базби објасни дека жените се плашат од стареење и од здравствените проблеми кои доаѓаат во подоцнежните години. Истакна и дека во денешно време, кога во голема мера се користи фотошоп и жените ни се претставуваат нереално преку социјалните медиуми. Па тоа влијае на „обичната“ жена и предизвикува кај неа фрустрации и намалена самодоверба, доколку тие не изгледаат слично во реалниот живот.

Пејачката, Ребека Јанковска Ристевски се надврза и сподели дека за неа стареењето е неминовен дел од животот, но како жена особено многу се плаши за нејзиното здравје, односно би сакала да ја служи за да биде жива и здрава и способна за своите деца на кои им е најпотребна. Потенцираше дека кај жената сепак клучна улога има духот и енергијата која носи.

Писатеката Ксенија Николова на оваа панел дискусија кажа дека негуваната жена апсолутно не мора да е млада, и дека тоа нема никаква допира точка со годините. Притоа смета дека не постои шминка или некаков козметички третман кој би ја разубавел жената која има внатрешен немир или е во дисбаланс со себеси, и не е вистински среќна и задоволна.

Модераторката Стојменовиќ од д-р Силвија Дума – спец. дерматовенеролог побара одговор на прашањето – како изгледа процесот на стареење?  Па докторката објасни дека постојат два вида на стареење и тоа физиолошко и фото стареење. Физиолошкото е природно и доаѓа од намалувањето на животните функции, додека фото стареењето е предзвикано од надворешните фактори и влијанија.

Во контекст на разговорот Јована побара мислење и од Ивана Јанева Попов истакна дека жените треба да стареат здраво, и да се горди на тоа како изгледа нивната кожа во добата во која се наоѓаат. Односно, дека секој период од животот си има своја убавина, па затоа „Vichy“ како компанија има палета на креми и производи адекватни за секоја дама која сака да е негувана. „Во ред е да е жената во менопауза и познавам многу такви кои зрачат и се среќни во тој период, тоа е процес кој не можеме да го стопираме, важно  да се негуваме и да сме достоинствени во секој период од животот“ потенцираше Јанева Попов од „Vichy“.

Психолог Базби на сето ова додаде дека сите ние од психолошка перспектива сакаме да се претставиме во најдобро светло и дека работејќи со секакви жени низ годините, но она што најмногу ја загрижува е што се почесто припадничките на понежниот пол кои едвај имаат 30 години се загрижени за стареењето и прерано почнуваат со проејџинг третмани, за што таа мисли дека е сосема погрешно и дека на оваа возраст нема никаков простор за паника.

Ребека Јанкоски истакна дека воопшто не се плаши од стареење, туку напротив, особено им се воодушевува на позвозрасните негувани госпоѓи.

Ксенија Николова кажа дека мора да се направи разлика помеѓу работите кои можеме да ги промениме, и работите во животот кои не се во наша моќ и мораме да ги прифатиме какви што се. Најважно е спомена Николова, среќата

Ивана од “Vichy“ за крај на овој панел им порача на присутните дека е најважно достоинствено да стареат и да се гордеат со стареењето, созревањето и своите години, а за останато компанијата “Vichy“ е тука да им помогне со нивните производи како кремата Slow age и колагенот на кои се особено горди и кои се во моментов најбарани на пазарот.

За крај на оваа панел дискусија без извлечени добитничките од лотаријата кои имаа среќа да добијат производи од „Vichy“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.