Зад големата насмевка криела страшна тајна: Најпознатата дадилка на светот со години не можела да се соземе од овој шок!

Страшно!

Никој не ни помислувал дека ѝ се случило ова

Пред 25 години, напознатата „дадилка“ на светот, денес 64-годишната Френ Дрешер, заковала милиони луѓе ширум светот пред малите екрани.

Со улогата во серијата Nanny, во која Френ се вработува кај бродвејскиот продуцент Максвел Шефилд како дадилка на неговите три деца, Маги, Брајтон и Грејс, засмејувала милиони со својот хумор и со сцените од секојдневниот живот раскажани на шеговит начин.

Стекнала планетарна популарност, но зад заразната насмевка се криела голема тага. Нејзиниот приватен живот однадвор се чинел совршен, но однатре се распаѓала.

Била омажена за Питер Марк Џејкобсон од 1978 до 1999 година. Седум години по венчавката во нивниот дом упаднале вооружени провалници. Едниот ја силувал Френ, друг нејзината пријателка, а Питер го врзале и му ги покриле очите со превез.

Им требале многу години да се соземат од тој ужасен настан, а потоа Питер ѝ признал дека е хомосексуалец.
Се развеле, но останале во добри пријателски односи.

„Имам поранешен сопруг хомосексуалец кого го сакам и тој исполнува многу мои потреби. Имам пријатели со придобивки. Се гледаме два пати месечно, што е повеќе од доволно.

Тој доаѓа кај мене, се дружиме, правиме врела бања, јас готвам, си легнуваме во кревет, гледаме тенис или некој добар филм. Секако, имаме и сексуални односи и тоа е тоа што ме одржува“, отворено признала таа.

Славната дадилка во 2014 година се омажила за претприемачот Шива Ајадураи, но две години подоцна се развеле.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.