Таа станала најбогатата разведена жена во Британија: Со милионите на нејзината сметка не може да се рамни ниту кралицата Елизабета!

Се разведе од милијардерот

Кирсти Бертарели во тајност се развела од сопругот Ернест, а во бракоразводната парница станала побогата за цели 350 милиони фунти

Поранешната мисица на Велика Британија, Кирсти Бертарели (50) се развела од сопругот милијардер Ернест Бертарели по 21 година брак.

„Ернест и Кирсти со тага потврдуваат дека се разведоа. Одлуката е заедничка, се разведоа пријателски“, рекол нивниот портпарол, додека двојката одбила да зборува за износот што ќе ѝ биде исплатен на поранешната мисица.

Според „Дејли Мејл“, станува збор за вртоглав износ од 350 милиони фунти. Тоа би ја направило најбогатата жена што се развела во Велика Британија, а досега била побогата и од самата кралица Елизабета Втора. Ќе биде побогата и од Мик Џегер (вреди 310 милиони фунти) и од Адел (140 милиони фунти).

Двојката се разделила на почетокот од годината, а разводот бил официјализиран на почетокот од летото. Оваа вест сите ги изненадила, бидејќи немало знаци дека имаат проблеми во бракот.

Кирсти и Ернест имаат три деца, а со години беа сместувани меѓу најбогатите луѓе во Велика Британија. На годинешната листа на најбогати луѓе се нашле на 14. место, а нивното богатство се проценува на 9,2 милијарда фунти.

Нејзина адвокатка е бароницата Фиона Шаклетон, која ги застапувала принцот Чарлс и Пол Мекартни за време на нивните бракоразводни парници. Се претпоставува дека Кирсти потпишала предбрачен договор пред да се омажи за Бертарели во 2000 година.

„Спогодбата беше повеликодушна одошто требаше да биде. Сакаа да одбегнат долг и развлечен судски спор во Швајцарија“, рекла пријателка на познатата убавица.

Да се потсетиме, кога била избрана за мис на Велика Британија во 1988, Кирсти иста така била втора придружничка на изборот за Мис на светот таа година. Потоа, ја започнала својата кариера во музичкиот свет како поп-пејачка и текстописец.

Ја контролира 3 години по разводот: Не смее да се фотографира со мажи, и понатаму мора да оди на одмор со него!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.