Влегол во Виндзор со самострел: Обид за атентат на кралицата Елизабета! (ВИДЕО)

Дознајте повеќе

Светските медиуми пишуваат за нападот на кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора била нападната и тоа од страна на 19-годишен младич кој, вооружен со самострел, упаднал во замокот Виндзор за да изврши атентат на кралицата. Полицијата го уапсила младичот, кој изјавил дека сакал да ги одмазди жртвите што настрадале во Индија во 1919 година.

Видеото што стигнало до таблоидот The Sun покажува маскиран младич со самострел во рацете. Младичот успеал да ја прескокне оградата на замокот Виндзор каде што кралицата прославувала Божиќ. Обезбедувањето го забележало на камерите, а полицијата итно реагирала. Иако сè уште немаат издадено официјално соопштение, медиумите пишуваат дека младичот 24 минути пред упадот во замокот, ги открил своите намери на социјалните мрежи, модификувајќи го гласот со помош на маската што ја носел.

„Жал ми е поради тоа што го направив и тоа што планирам да го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата. Ова е одмазда за сите оние што починаа во 1919 година во масакрот на Џалианвала Баг. Ова е одмазда и за сите оние што биле тепани, мачени или дискриминирани поради својата раса. Јас сум Индиец. Моето име Џасвант Сингх Кхаил, моето име е Дарт Џоунс“, рекол младичот во видеото, откривајќи го својот идентитет.

Момчето по апсењето било префрлено во установа за лекување ментално здравје. Потврдено е дека во текот на претходните недели им се заканувал и на другите членови на кралското семејство.

Ова би предизвикало уставна криза: Кралицата Елизабета не може да спие со вечери – многу е загрижена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.