Вирусот се шири, стигна и на Балканот: Четири хрватски државјани изложени на коронавирус!

Бројот на смртни случаи расте

56 милиони луѓе ќе бидат отсечени од светот

Поради смртоносниот коронавирус што се шири во Кина, околу 56 милиони луѓе се во потполна изолација, а меѓу нив има и хрватски државјани.

Четворица хрватски државјани моментално се наоѓаат во кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата на опасниот коронавирус, потврдило Министерството за надворешни работи и советувало да не се патува во тоа подрачје.

Најмалку 41 лице починале како последица од коронавирусот, додека 1300 се заразени.

Во Министерството потврдиле дека четворица хрватски државјани се наоѓаат во градот со 11 милиони жители, во покраината Хубеи.

Повеќето заразени и речиси сите починати се во Хубеи, каде што на сила се стапени строги рестрикции за патувања и јавни собири.

Во меѓувреме, медиумите пренесуваат дека бројот на заразени од коронавирус ширум светот пораснал на 1.400, а најголемиот број заразени се во Кина – 1362.

Бројните свечености во Кина по повод прославите за Нова година, како и маратонот во Хонг Конг се откажани, а владите на Франција, САД и Русија наредиле евакуација на своите државјани од Вухан.

Кинеската национална здравствена комисија соопштила дека испратила 1.230 доктори во Вухан за да им помогнат на локалните здравствени установи во борбата против вирусот, а формирани се и шест дополнителни здравствени тимови кои евентуално ќе дојдат на помош.

Со новата мерка се опфатени пет града во централната провинција Хубеи, додека досега во карантин биле три града.

Во рамките на воведените мерки на карантин, јавниот превоз не функционира кон тие градови, а излезите од автопатиштата кои водат кон нив се затворени.

Во Пекинг било прогласено највисоко ниво на опасност, поради што за посетителите затворен е и Кинескиот ѕид. Исто така, од истата причина во Шангај е затворен Дизниленд.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.