Принц Хари доживеал нервен слом: Сè се случило додека престојувале во Канада!

Притисоците не престануваат

Светските медиуми ја обвинуваат Меган Маркл

Принц Хари наводно доживеал нервен слом за време на престојот во Канада. Според изворите на еден американски магазин, принцот не можел веќе да го поднесе притисокот што кралските должности му го наметнувале на неговото семејство, поради што здравјето му било нарушено, па со недели одел на психијатар, а за сето тоа ја обвиниле Меган Маркл.

Американскиот таблоид „Глоуб“ објавил вест дека членот на британското кралско семејство доживеал „таен нервен слом“ за време на одморот и божиќните празници.

Самиот Хари во своето обраќање кон јавноста напоменал дека изминатиот период бил многу стресен и тежок за војвотката и војводата, но и нагласил дека тој не „паднал“ во Канада.

Принцот, едноставно, не можеше повеќе да гледа колку лошо неговата сопруга се справува со улогата на аристократка. Се плашеше дека Меган ќе го остави и ќе го земе нивниот син Арчи со себе. Сите тие околности го земаа својот данок и во еден момент пукна, поради што со недели беше на терапија кај психијатар, кој го посетуваше во вилата каде што престојуваа во Канада за време на божиќните празници“, открил непознат извор, и додал дека Меган го свртела неговиот момент на слабост во своја корист и го советувала дека ќе бидат многу посреќни ако едноставно се откажат од кралските должности и се отселат од Велика Британија.

Други медиуми, пак, тврдат дека статијата е лажна и ги осудуваат обидите да му се нанесе штета на овој пар со објавување вакви вести.

Принц Хари и Меган Маркл веќе имаат поднесено тужба против два британски таблоиди.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.