(ВИДЕО) Четврта емисија на „Заблескај 2023“: Јоце Панов и Кристина Димитри имаа навистина тешка задача – но избраа уште двајца финалисти

„Заблескај“ е оригинален мултимедијален проект на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, поддржан од ОРБИТ.

Вечерва во 21.00 на јутјуб-каналот на „Убавина и здравје“ ќе се емитува четвртата емисија на добропознатото регионално талент-шоу „Заблескај 2023“ powered by Orbit!

И оваа емисија се снимаше во пријатниот амбиент на Ederra Rooftop.

Во претходните три емисии претставниците на жирито избра вкупно шест финалисти што ќе се натпреваруваат во финалето од натпреварот. Организаторот „Колор медиа плус“ го задржува правото да избере кандидати што ќе се пласираат директно во финалниот дел од натпреварот.

Дали претставниците на жирито имаат нешто против ова?, праша водителот Марко Новески, на што Кристина Димитри и Јоце Панов, кои беа дел од жирито во четвртата емисија едногласно одговорија:

„Не!“

Кога велиме дека популарниот Јоце Панов и прекрасната Кристина Димитри имаа навистина тешка задача од осумтте талентирани кандидати да изберат само двајца, кои се пласираат во финалето на натпреварот, до кое ситно броиме – не се фолираме, тоа навистина беше така!

Добрата страна на нивниот избор беше што и двајцата имаа исти фаворити, а пресудија нијансите, па така конечно изборот падна на Сергеј Поповски и Ванеса Митовска.

Како изгледаше изборот, погледнете на следниот линк.

Текст: Б. Стојменовиќ

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.