„Што направила од себе“: Славната манекенка се појави во Кан и никој не можеше да ја препознае бидејќи лицето ѝ е тотално сменето

Што мислите вие?

Поранешниот ангел на Викторија, Адриана Лима се појави на црвениот тепих со нејзиниот партнер Андреа Лемерс, а пред камерите разменија неколку бакнежи.

Адриана Лима избра елегантен црно-жолт фустан за Канскиот филмски фестивал, но она што најмногу привлече внимание е нејзиното лице за кое многумина сега мислат дека го променила со естетската медицина, пред се’ со филери и ботокс.

Луѓето на социјалните мрежи тврдат дека познатата манекенка попуштила под притисокот на јавноста која ја коментираше по раѓањето на третото дете.

Не личи на себе“, „И таа се „среди“, „Изгледа дека ја погодија коментарите на Интернет, па реши да го смени лицето“, „Ова веќе не е таа“, „Што си направи“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, бразилската манекенка неодамна се осврна на критиките за нејзиниот постпородилен изглед. Лима се породи во август, а вели дека поради бавното слабеење секојдневно ја потсетуваат дека треба да го прифати своето тело какво што е.

Андриана Лима во 2018 година.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.