Поедноставете го режимот на нега!

Меѓу жените владее погрешно убедување дека кожата е подобро негувана ако се користат повеќе производи за нега. Дерматолозите велат дека вистината е спротивна.

Утрински ритуал. Измијте се со средство во форма на сапун или гел. Потоа, нанесете серум со антиоксиданси или хидратантен крем со СПФ, бидејќи главен акцент на утринската нега е на заштита на кожата.

Вечерен режим. Започнете го процесот со миење на лицето со средството што го применувате наутро, а потоа втријте препарат со соодветни активни состојки кои ќе го третираат основниот проблем со кожата. На пример, ако сте забележале мали брчки, користете крем на база на пептиди доколку имате масна кожа и акни, пробајте препарати на база на салицилна киселина.

Бидете брзи и не претерувајте! Утринскиот и вечерниот третман не треба да траат подолго од пет минути. Измијте се и веднаш преминете на следната фаза – додека кожата е влажна (за максимално впивање на состојките).

Исклучок се СПФ-средствата, како и медицинските препарати, како што се ретиноиди, кои се нанесуваат на сува, чиста кожа. И не претерувајте со количеството – потребен ви е само тенок слој од повеќето активни препарати.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.