Ви откриваме што се случувало на славата на Богдан на која била и Цеца

Еве како се однесувале неговите родители

Таблоидот „Скандал“ ексклузивно дознава како изгледала посетата на родителскиот дом на Богдан Срејовиќ (38) од страна на неговата нова девојка, фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ (47).

Имено, доброинформиран извор открива дека пејачката ги испочитувала родителите на новото момче и со него отишла во Крагуевац.

Семејството Срејовиќ го слави Свети Јован, па тоа воедно бил и одличен повод Цеца да се запознае со нив.

Родителите на Богдан се пресреќни што Цеца им дојде на слава. И токму затоа се потрудија да ја испочитуваат, па на тој свет ден за нив ѝ дадоа благослов на љубовта на Богдан и Цеца. Им кажаа дека ги поддржуваат без разлика на сè. Свесни се дека ги очекува голем медиумски притисок, но, од друга страна, ним им е важно синот да им е среќен и во тој случај и медиумите ќе ги занемарат. Сметаат дека со тоа што им дојде на славата покажа дека има сериозни намери со Богдан и дека е, пред сè, зрела и сериозна жена. Рекоа дека Богдан конечно најде жена што нема да го повреди како бившата“, открива изворот за „Скандал“, и додава:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Ѝ кажаа дека се среќни што се нашле еден со друг и дека Богдан одамна не бил олку среќен. Се уверија дека Цеца е нормална и фина жена приватно и сега веќе не се загрижени дека синот ќе им ужива во иднина. Кажаа и дека им е многу пријатно во нејзиното друштво и дека се среќни што синот им е конечно во добри раце. Со години страдале поради неговиот развод со Зорана, кој многу тешко го поднел затоа што мислел дека ќе остане во брак цел живот и му било потребно многу време да закрепне. Но сега се сигурни дека Цеца е жена што секој би ја посакал, па им падна голем камен од срцето, а сигурни се и дека нивната внука Искра ќе биде среќна покрај Цеца, бидејќи е чувствителна жена“, раскажува изворот, и додава:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)

А кога завршија со запознавањето и со официјалните говори, следуваше богата трпеза во која Цеца навистина уживаше и ѝ беше многу драго што го запозна семејството на Богдан на толку убав и важен ден.“

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.