Секоја чест: Славната „буцка“ веќе не личи на себе (ФОТО)
Трансформацијата за која зборуваат сите
Ѕвездата на голем број комедии, Ребел Вилсон (40), 2020-та година дефинитивно ќе ја памети како нејзина „година на здравјето“! Имено, додека целиот свет ѝ беше посветен на борбата против пандемијата, комичарката сфати дека има повеќе од 100 килограми и одлучи да им каже „збогум“ на нездравите навики.
Ребел изгуби многу килограми во текот на 2020-та година и целосно се трансформира.
Во едно интервју, таа рече дека луѓето сега се однесуваат поинаку со неа.
Кога сте покрупни, понекогаш луѓето дури и не ве гледаат, само ќе ве поминат покрај вас. И одеднаш сега луѓето се нудат да ми ја држат вратата, да ми ги земат торбите од продавницата до автомобилот. Ова се случува секој ден“, рече таа.
Ребел рече дека научила да практикува „свесна“ диета, односно да размислува за секој оброк и ужина. Порано внесувала 3.000 калории на ден.
Претежно јадев јаглехидрати затоа што ги сакам, но всушност по оброците сè уште бев гладна. Мојот начин да се справам со стресот беше да јадам крофни“, рече таа.
„Бунтовничката“, што значи и нејзиното име во превод, веќе не јаде шеќер и брза храна, а како изгледа по трансформацијата, погледнете:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм