Важи за една од најубавите жени на светот: Има 47 години, не користи ботокс, се венчала во тајност, а врската ја криела 3 години!

Прекрасна приказна

Прекрасната Пенелопе Круз е славна и богата, а истовремено приземна и природна

Актерката Пенелопе Круз уште во 1990-те години важела за една од најубавите жени на светот, а нејзината убавина воопшто не избледува со текот на годините.

Славната актерка, која оваа недела го слави 47-от роденден, актерската кариера ја започнала како тинејџерка. Во својот прв филм „Јамон Јамон“ (1992) имала само 17 години, а интересно е што во него глумела со Хавиер Бардем (52), за кого се омажила 18 години подоцна.

 

Улогите во филмските хитови како „Небо со боја на ванила“, „Сакајќи го Пабло“, „Мандолината на капетан Корелио“ и „Бел прав“ ја вивнаа Пенелопе меѓу ѕвездите, а во 2008 година освоила и „оскар“ за најдобра споредна актерка за улогата во филмот „Вики Кристина Барселона“.

На снимањето на „Небо со боја на ванил“ ѝ се случила и романса со колегата со слично презиме, Том Круз, со кого била во врска од 2001 до 2004 година. За време на снимањето на филмот, Том бил во брак, но Пенелопе тврдела дека не се случило ништо меѓу нив додека не се развел од Никол Кидман.

Врската со Бардем ја потврдила дури на црвениот тепих на доделувањето на наградата Гоја во 2010 истата година кога се венчале, а двојката била во врска дотогаш веќе три години.

Повторно се споиле на снимањето на филмот за којшто Пенелопе добила „оскар“, а судбоносното „да“ го кажале на интимна церемонија во вилата на своите пријатели на Бахамите. Во бракот добиле и две деца, синот Лео кој е роден во 2011 и ќерка Лена, родена во 2013 година.

Ви ги откриваме тајните на убавината на Пенелопе Круз
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.