Вака се однесува модерната свекрва по расправaта со снаата: Изгледа не може да излезе на крај со жената на својот син

„Опасница“

Викторија Бекам не може да поверува дека нејзиниот син Бруклин се оженил со толку „опасна“ жена, тврдат блиски извори на модната дизајнерка.

Викторија Бекам (48) првпат се појави откако расправијата со снаата излезе на виделина. Модната дизајнерка е видена со сопругот, Дејвид Бекам како се забавува со пријателите.

Викторија на папарацо-фотографите не сакала да им каже ниту еден збор за тоа во какви односи е со снаата Никола Пелц. Но добро информираните извори за „Дејли мејл“ откриваат дека дизајнерката е шокирана од Никола заради постојаните „дополнувања“ на измислените факти поврзани со нивната наводна расправија.

Имено, во едно неодамнешно интервју, Никола изјавила дека нејзината свекрва Викторија Бекам ѝ ја понудила нејзината дизајнерска венчаница, но за време на свршувачката ја повлекла својата понуда. Со тоа богатата наследничка на венчавката со Бруклин Бекам носела венчаница од „Валентино“, иако навистина сакала свекрвата да ѝ ја дизајнира венчаницата.

Иако била воодушевена од можноста да носи фустан од својата свекрва, Викторија, наводно, не ѝ се јавила со денови пред свадбата што тоа ја натерало Никола да си побара венчаница кај друг дизајнер.

Изгледа дека станува збор за недоразбирање, кое почнало меѓу Викторија и мајката на Никола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Ѝ се јавив да почнеме да ја дизајнираме венчаницата, но поминаа неколку дена и воопшто не се слушнавме. Викторија потоа ѝ се јави на мојата мајка да ѝ каже дека нема да стаса да ми ја направи венчаницата, раскажала Никола.

Тогаш и Бруклин одлучил да ѝ даде до знаење на Викторија дека жената му е на прво место и приоритет број еден.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.