Еве каде почива Елизабета Втора: Објавена е првата фотографија, а сите коментираат ЕДЕН ДЕТАЉ

Свет

Првата фотографија од почивалиштето на кралицата Елизабета Втора ги изненади сите.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во Балморал во Шкотска, а оттогаш светот ја оплакува смртта на најдолговечниот британскиот монарх, кој остави неверојатна трага во историјата. На нејзиниот погреб, кој се одржа пред неколку дена во Виндзор, присуствуваа речиси 3.000 светски лидери и припадници на другите кралски семејства, а сега е објавена и фотографијата од нејзиното вечно почивалиште.

Екслузивната фотографија, која веќе ја коментираат илјадници луѓе, се појави откако на верниците им е дозволено да влезат во Меморијалната капела на кралот Џорџ VI во Виндзор.

На сите им падна в око едноставната црна мермерна плоча и имињата на нејзините најсакани. Името на кралицата е испишано покрај името на нејзниот татко Џорџ VI, нејзината мајка и нејзиниот покоен маж, принцот Филип, кој почина во април минатата година.

Имено, последната фотографија од гробното место во Виндзор е објавена пред, отприлика две децении, точно 2002 година, кога на мермерната плочасо златни букви беше испишано името на кралот Џорџ VI и нејзината мајка, заедно со датумите на нивното раѓање и смртта.

На плочата е напишано по следниов редослед: Џорџ VI: 1895-1952, Елизабета: 1900-2002, Елизабета II: 1926-2022, Филип: 1921-2021.

Помеѓу двата пара има една метална ѕвезда што го претставува Орденот на најстариот и најблагороден ред на витештвото во земјата, а сите четворица биле негови членови, додека капелата Свети Ѓорѓи го претставува нивниот духовен дом.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.