Уништувачката на бракови чека дете од мажот што ѝ го презеде на другарка си: Прво му беше љубовница, па сопруга

Шпанска серија во живо

Мајте Перони (39), која се прослави со улогата на Маричуи во популарната серија „Напуштен ангел“, објави радосна вест дека го чека своето прво дете.

Дека е бремена, актерката ексклузивно откри за магазинот Caras. Мајте чека ќерка со сопругот, телевизискиот продуцент Андрес Товар (39).

Преплавен сум со емоции и сето ова е многу возбудливо, изјави Перони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caras México (@carasmexico)

Отсекогаш сакав да имам ќерка, продолжи Андрес.

Инаку, парот се венча на 9 октомври минатата година, а мексиканските медиуми кон средината на 2021 година пишуваа дека Мајте го презела Андрес од нејзината најдобра пријателка Клаудија Мартин и извесно време била негова љубовница.

Majte PeroniНеколку дена пред тоа, ја изненади јавноста со раскинувањето на седумгодишната врска со музичкиот продуцент Коко Стамбука. Кога се дозна за аферата, беше јасно зошто пукнала нивната љубов. Имено, таа со месеци го изневерувала своето момче со сопругот на нејзината пријателка, Андрес.

Претходно беше објавено дека Перони имала афера со поранешниот миленик на жените Вилијам Леви. Тие се зближија на сетот на серијата „Напуштен ангел“, во која ги толкуваа главните улоги на Маричуи и Хуан Мигел, кои се вљубуваат. Сапицата брзо стана популарна, а потоа се појавија гласини дека Мајте и Вилијам имаат афера.

Перони тогаш беше во врска со музичкиот продуцент Гвидо Лариса, а Леви беше во брак со Елизабет Гутиерез, со која се ожени во 2003 година и доби две деца.

Поранешниот асистент на Вилијам откри дека актерот имал афера со колешката.

Тоа е лага. Многу сум тажна што толку слободно зборуваат за туѓите животи а немаат поим за нив, ги коментираше Мајте гласините.

Извинете, но нема да продолжам да зборувам за ова бидејќи секој ден го добивам истото прашање, како расипана плоча. Сакам само да си ја работам работата, да бидам оставен на мира и да ги тргнам овие гласини од мојот грб, рече Вилијам.

Се појавија и љубовни фотографии од Перони и Леви, а тие тврдеа дека ги направиле за да ја промовираат сапуницата.

Тие фотографии не се вистински, направени се во Акапулко кога ја снимавме серијата, изјави актерот, кој во тоа време поминуваше низ сериозни брачни проблеми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.