БРЕД ПИТ во ПАНТАЛОНИ кои малкумина би ги облекле го засени Џорџ Клуни (ФОТО)

Ви се допаѓа?

Познатиот актер Бред Пит овој месец ја промовира таканаречената „кадифена мода“, па се појавува во стајлинзи кои се повеќе од привлечни. Тука е и Џорџ Клуни, со кој деновиве во Њујорк го снима филмот „Волци“, но кој изгледа сосема незабележливо во друштво на Бред.

А познато е дека Џорџ Клуни е секогаш брилијантно стилизиран. Таков е и кога доаѓа на сетот, но поголем впечаток остави модниот манир на неговиот колега и добар пријател.

Умено, Бред Пит пред неколку дена на снимањето на „Волци“ во Њујорк облече кадифени панталони украсени со неколку бои: зелена, сина, жолта, сива… Пит, како добар познавач на модата и маж со стил, особено ги истакнува деталите, во случајов зелената плетена капа и чанта на рамото, кои се заштитен знак на неговите комбинации.

Погледнете:

Фото: Jose Perez / SplashNews.com / Splash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.