Тимот на „Медена земја“ рамо до рамо со Бред Пит, Ал Пачино, Лео, Роберт Де Ниро…

Секоја чест

Веќе стартуваа предоскаровските дружења во театарот Долби во Лос Анџелес, а тимот на „Медена земја“ веќе успеа да го привлече вниманието и застана рамо до рамо со светските актери.

На Фејсбук профилот на Зоран Ристевски осамнаа фотографии на кои нашата екипа е фотографирана со голем број на познати актери, а мегу нив се Бред Пит, Леонардо ДиКаприо, Ал Пачино, Роберт Де Ниро, како и режисерот Квентин Тарантино.

„Само да разјасниме, јас не стоев до него, тој стоеше до мене“. Вака на шега ко-режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска, ја искоментира фотографијата на која е застаната до  холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо.

Секоја чест дечки и ве чекаме назад во Македонија со барем една освоена статуетка! Вие тоа го заслужувате!

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.