Едвај оди, а љуби 23 години помлада која му роди дете: Мислел дека ќе му готви и пере, а еве што прави таа!

Како се однесува сопругата на Ал Пачино?

Ретко кој би сакал неговата жена да се однесува вака како сопругата на Ал Пачино

Откако познатиот Ал Пачино доби дете со 53 години помладата Нур Алфала, се појавија разни шпекулации за нивниот љубовен однос. Најпрво се зборуваше дека актерот не е татко на детето и дека бара ДНК анализа за да се утврди вистината. Потоа, нивната љубов наводно доживеа крај, но и покрај тоа, биле видени како шетаат заедно рака под рака.

Исто така, се зборуваше дека Нур барала барање за целосно старателство над нивниот тримесечен син. Меѓутоа, сето тоа остана на ниво на шпекулации, а интересно е што Нур неодамна била видена во друштво на својот поранешен дечко Николас Бергруен, со кого отишла на концерт на Стинг во Лос Анџелес.

Откако се појавија фотографии од папараците, започна да се шпекулира дека Нур му се вратила на својот поранешен партнер, кој инаку е 33 години постар од неа. Инаку, Нур има 29 години, а со Николас првпат била од 2018 до 2020 година. Причината за нивното раскинување не е позната до денес, но се чини дека останале во добри односи, со оглед на тоа што се гледаат.

Пред маркантниот милионер Нур била во врска со Мик Џегер, а кружеа приказни дека била и со Клинт Иствуд, за кого тврдела дека ѝ е семеен пријател. Подоцна запловила во врска со Ал Пачино, со кого добила син.

Инаку, 83-годишниот Ал Пачино се шокирал кога дознал дека неговата сега поранешна 29-годишна девојка е бремена, па барал да направат ДНК-анализа. Странските медиуми пишувале дека тоа се случило бидејќи актерот мислел дека е неплоден.

Оттогаш нивниот однос е на стаклени нозе, а многумина коментираат дека актерот не може да ја контролира ситуацијата поради староста и дека проблемите поради големата разлика во годините дури сега испливале на површина.

Раскинаа Ал Пачино и 54 години помладата девојка: Нур пред три месеци му роди дете, а сега бара старателство!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More